Дубровник – прв познат карантин во светот

183

Непосредно пред величествените ѕидини на средновековен Дубровник се наоѓаат низа мали камени куќички, познати како центар на уметност и туристичка атракција, пренесува New York Times.

Но, како коронавирусот се шири низ целиот свет, многумина се потсетуваат на нивната првобитна намена на изолационата зона по доаѓање во овој хрватски град. Првиот познат карантин во светот поради сузбивање на ширење на зарази бил токму Дубровник во 1377 година, поради пандемија на бубонска чума.

Според тамошната лекарка, Ана Бакија Консуо, Дубровник бил прв град во Европа што во 1377 година воспоставил карантински систем, како заштита од бактерија што предизвикувала проблеми со нервите, кожата и органите за дишење. На почетокот, луѓето се задржувале на најблиските острови во дрвени колиби, коишто подоцна биле спалувани.

“Тоа беше мошне модерно во споредба со Венеција, на пример, којашто ги забрани сите бродови од своето пристаниште или според законите што владееле во Милано, што налагале изградба на ѕидови околу домовите на заразените“, рекла Консуо за AP.

Правилата во тоа време им налагале на патниците и трговците да останат најмалку 20 дена во изолација. Подоцна временското ограничување било продолжено на 40 дена, поради што поимот карантин доаѓа од италијанскиот збор што ја означува бројката 40.

Таму каде што владеел карантинот се одвивале голем број активности, бидејќи на исто место имало многу патници и трговци, па тие разменувале информации, пишувале писма и играле најразлични игри.

Неколку векови подоцна, карантинот повторно станува мерка за заштита на населението од ширење на зараза.

Фото: Pixabay