Дубровник со најскапи станови во Хрватска

51

Во последните пет години во Хрватска биле остварени повеќе од пола милион трансакции од недвижнини. Најмногу од нив биле за земјоделско земјиште, додека продажбата на станови е на второ место, иако во овој сектор е направен најголем промет.

Вкупната вредност на трансакциите лани достигнала 27,8 милијарди куни,(4,38 милијарди долари) што е за пет милијарди повеќе од пред пет години. Најскапи биле становите во Дубровничко-неретванската жупанија, додека најевтини во Вуковарско-сремската жупанија, пишува Poslovni.hr

Највисоки цени на недвижнини имале оние жупании кои излегувале на море.Колку за споредба, по цена за еден квадрат од куќа во Дубровник можат да се купат 18 квадрати во Пожешко-славонска жупанија.

Во Загреб најскапи биле становите во центарското подрачје,Чрномерц, Трњ и Максимир.

Според спроведените анализи, цените на недвижнините растеле со порастот на туристичките ноќевања.

Фото: Pixabay