DUO Carafe – мобилен уред за греење и ладење на вода

90

Фото: Heatworks

DUO Carafe е уред којшто со помош на патентираната технологија Ohmic Array, ја загрева и лади водата, до саканата температура додека ја истурате во садот. Тој е дело на американската компанија Heatworks , којашто стои и зад машината за миење садови Tetra.

Уредот работи на батерии и може да загрее до четири шолји кафе во исто време на посакуваната температура. Корисникот треба само да ја намести температурата, да стави ладна вода во резервоарот во горниот дел и потоа да ја истури во садот.

Се добива прочистена ладна или загреана вода за кафе, чај, супа, бебешка храна.

DUO Carafe може да се вклучи во струја и да се постави на кујната или каде што најмногу одговара. Производот е 99% енергетски ефикасен благодарение на патентираната технологија зад којашто стои извршниот директор на компанијата Џери Калахан. Ohmic Array ја користи енергијата на електричните струи коишто поминуваат низ самата вода, елимирајќи ја потребата од дополнителни елементи за загревање.