Дуплирана побарувачката за нови автомобили во ЕУ

29

Побарувачката за нови автомобили во Европската унија во мај беше двојно зголемена во однос на истиот период лани, кога властите воведоа строги рестриктивни мерки, покажуваат податоците на здружението на производители.

Во мај, во 26-те земји членки на Унијата (без Малта) регистрирани се 891.665 нови автомобили, што е за 53,4% повеќе во однос на истиот период лани. Во април побарувачката била повеќе од трипати повисока одошто во истиот период минатата година.

Силниот скок на побарувачката во април и мај е е резултат на нискиот интерес во текот на истиот период лани, кога беа воведени строги рестриктивни мерки поради пандемијата.

Во споредба со мај 2019 година, бројот на регистрирани автомобили е понизок за 400.000, а во однос на април 300.000 помалку одошто истиот месец во 2019 година.

Фото: Pexels