Дваесетгодишник купува авиокомпанија

88

Израелската авиокомпанија EL AL изминатите неколку месеци е во потрага по нов инвеститор. Оваа авио компанија и пред пандемијата се соочуваше со финансиски проблеми, а со појавата на коронавирусот ситуацијата само се влоши.

Пред неколку недели беше откриено дека еден странски инвеститор е заинтересиран за купување на EL AL по што многумина беа заинтересирани за кого станува збор.

Дваесетгодишниот Ели Росенберг, кој во моментов живее во Ерусалим, преговара за преземање на контролниот удел во оваа авиокомпанија. Меѓутоа, како и што се очекува, зад сè постои приказна.

Неговиот татко, Нафтали Росенберг, е њујоршки бизнисмен кој поседува старски домови, приватни компании, итна помош и уште многу други бизниси. Ели има израелско државјанство што е услов за преземање на контролниот удел во авиокомпанијата. Неговиот татко, од друга страна, нема израелско државјанство.

Во овој момент преземањето на компанијата сè уште е во рана фаза, а Росенбергови наводно се во преговори со семејството Боровиц, бидејќи од 2003 година тие го имаат контролниот удел на EL AL.

Претходно, израелскиот министер за сообраќај ја изрази подготвеноста на Владата да ѝ помогне на оваа авиокомпанија онолку колку што е потребно да ја одржи воздухопловната независност во Израел.

Фото: Freepik