Две банки одвојуваат 300 милиони долари за производство на вакцини

30

Банката HSBC и Азиската банка за развој ќе обезбедат 300 милиони долари заедничко финансирање за помош на производните капацитети за производство на вакцина против против коронавирусот.

Иницијативата се заснова на шема за поделба на ризикот што двете банки на почнаа во јули минатата година со цел да го помогнат финансирањето на производители на заштитна лична опрема, додека тие заедно со производителите на вакцини се натпреваруваат да ја задоволат зголемената глобална побарувачка во услови на пандемија.

Банките ќе понудат различни видови на заеми со коишто ќе го обезбедат потребното финансирање.

Фото: Pexels