Две нови злата за вината на Тиквеш и Домен Лепово

60

Врвните македонски вина на Винарската визба Тиквеш и бутик винарницата Домен Лепово освоија две нови златни и шест сребрени медали на реномирани светски вински натпревари што се одржуваат во Белгија и Франција.

На годинешниот вински натпревар Concurs Monddial de Bruxelles што се одржа во Брисел, на виното Т’га за југ од бербата 2016-та му е доделен златен медал, а сребрени медали добија пет вина, и тоа: Александрија куве (црвено)  и  Вранец Special Selection од бербата 2016-та, Темјаника Special Selection и Барово (бело) од бербата 2017-та, како и Домен Лепово гранд куве од бербата во 2015-та година.

Речиси истовремено, на натпреварот Les Citadelles du Vin 2018 којшто се одржа во Бордо, Франција, црвеното Гранд куве од премиум брендот Домен Лепово од бербата 2015-та е наградено со златен медал, а на Вранец Special Selection 2016 му е доделен сребрен медал.

На најпрестижните светски вински натпревари кои традиционално се одржуваат во првата половина од годината, вината на Тиквеш, досега оваа година освоија дури 50 медали и специјални признанија за квалитетот на своите врвни вина, со што најголемата домaшна винарница во светски рамки го зацврстува стекнатото реноме како најнаградувана винарница од Југоисточна Европа.