Две понуди за словенечки Пеко

27

Во понеделникот истече рокот за доставување понуди за купување на словенечката компанија Пеко. Понуди доставиле два инвестициски фонда, едниот од Осиек, а вториот, Blue Rose Trust Fund е сместен во Делавер, САД.

Сопственик на американскиот фонд е американскиот државјанин со српско потекло Душан Дејвид Младен. Тој во Србија е познат како основач на Ромската стопанска комора, а оваа пролет го презеде водењето на српската фармацевтска компанија Југоремедија.

Ако успее да го преземе Пеко, Душан Дејвид Младен верува дека словенечкиот производител на обувки под негово водство ќе расте и ќе се развива, пишува seebiz.

Најголем сопственик на Пеко е државата, со 66,8% удел во компанијата. Словенечката влада во мај донесе одлука до крајот на годината да најде приватен инвеститор за Пеко кој ќе го докапитализира во износ не помал од два милиони евра. Со тоа Словенија би ја спречила Европската комисија, шесте милиони евра што државата ги вложи во Пеко, да ги третира како незаконска државна помош.