ДЗС: Бројот на работници во преработувачката индустрија зголемен за 6,8%

44

workerФото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 106.0.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст од 0,2%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0,9%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,2%, Капитални производи за 18,0%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,1%.