ДЗС: Деловни тенденции во трговијата на мало за третото тримесечје од 2013

29

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2013 година, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2012 година.

Што се однесува до финанската состојба, во третото тримесечје од 2013 година оценката е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2013 година, а очекувањата за економската состојба во наредниот период е поповолна во однос на претходното тримесечје.

Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на третото тримесечје од 2013 година е намалена во однос на претходното тримесечје.

Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените е дека ќе се зголеми во однос на второто тримесечје од 2013 година.

Исто така движењата на продажните цени во третото тримесечје од 2013 година забележале зголемување во однос на претходното тримесечје.

Во третото тримесечје од 2013 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните три месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2013 година имале слабата побарувачка на купувачите со 36,3%, друго со 14,6%, зголемена понуда на пазарот со 13,4% и зголемена конкуренција со 12,8%.