Според податоците на Државниот завод за статистика во првите шест месеци од годинава градежните компании договориле работа во странство во износ од 6.046.991 илјади денари, што е за 27,7% повеќе од овој период лани.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 616.615 илјади денари, што е за 41,8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во овој период забележан е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Хрватска и Франција.