ДЗС: Нема промена кај индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи

9

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јуни годинава останаа непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 1,0 % во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Во јуни 2018, во споредба со мај 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,9 %, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,8 %.

Споредено на годишно ниво по сектори, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,8 % и во секторот Преработувачка индустрија за 1,0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 3,1 %.

Фото: Pixabay