ДЗС објави колку изнесуваат просечната нето и бруто плата во ноември

Кој заработува најмногу? Овие сектори ги „повлекоа“ платите нагоре во ноември

Државниот завод за статистика објави дека трендот на раст на платите во Македонија продолжува и во ноември 2025 година. Просечната нето-плата достигна 45.961 денар, што претставува годишен пораст од 9,4%.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2025 година, изнесува 45 961 денар,  објави денеска Државниот завод за статистика.

Во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.4 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.5 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.1 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.9 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.5 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.2 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2025 година изнесува 69 141 денар. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16.7 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 11.3 % и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 10.8 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 3.6 %, Административни и помошни услужни дејности за 2.2 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 1.1 %.

  • Нето-платата во ноември 2025 година изнесува 45 961 денар
  • Во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година е повисока за 9.4 %
  • Бруто-платата во ноември 2025 година изнесува 69 141 денар
  • Во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година е повисока за 9.5 %