ДЗС: Превезени патници и стоки во второто тримесечје

25

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.711.000, во железничкиот превоз 191.000, во градско-приградскиот превоз 22.000.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 349.626.
Во истиот период, во споредба со второто тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 1,6%, во железничкиот превоз за 2,4%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 15,8%.