ДЗС: Расте довербата во трговијата на мало

24

Фото: Pexels

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во првото тримесечје од 2018 година е зголемен за 0.1 п.п. во однос на претходното тримесечје, а зголемен за 1.1 п.п. во однос на истото тримесечје од 2017 година, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците, економската состојба на деловните субјекти во првото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на првото тримесечје од 2017 година. Се очекува дека ќе биде понеповолна во наредните две тримесечја. Количeството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во првото тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолнa, а очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се намали. Продажните цени во првото тримесечје од 2017 година се зголемиле во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, а се очекува нивно намалување во наредните 3 месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на првото тримесечје од 2018 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 24,9 %, зголемената конкуренција на пазарот со 19,8 %, зголемената понуда на пазарот со 12,9 % и недостиг на обучен кадар со 10,0 %.