ДЗС: Се очекува пораст на продажните цени и во следните три месеци

11

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2018 година е ист во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0,5 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2017 година .

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а e понеповолна и во однос на истото тримесечје од 2017 година. Се очекува да биде понеповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е зголемено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2018 година е понеповолна во однос на второто тримесечје од 2018 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е поповолнa, а очекувањата за бројот на вработените се дека тој ќе се намали.

Продажните цени во третото тримесечје од 2018 година се зголемиле во однос на претходното, а се очекува нивно зголемување и во наредните 3 месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2018 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 22,8 %, зголемената конкуренција на пазарот со 19,1 %, недостигот на обучен кадар со 15,5 % и зголемената понуда на пазарот со 14 %.