ДЗС: Вкупна потрошувачка по видови енергенти во април

24

Државниот завод за статистика ги објави податоците за потрошувачката по видови енергенти за месец април 2018 година.

Според соопштението од ДЗС во април 2018 година во Република Македонија вкупната
потрошувачка по видови енергенти изнесува 539.955 МWh електрична енергија, 6.391 мил. нм3
природен гас, 291.161 тон јаглен и 84.814 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66,7 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 91,6 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.