Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,38%.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Градежништво и изнесува 2,66%, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,12%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,84%.
Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.21%.
Најголем број на слободни работни места, односно 2.025, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.