ДЗС: Во декември цените на производите пораснале за 0,4%

32

ceniФото: Pexels

Според најновото соопштение на Државниот завод за статистика, во декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 2,9% на годишно ниво.

Во декември 2017, во споредба со ноември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,1%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1%.

Во декември 2017, во споредба со декември 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 21,8%, во секторот Преработувачка индустрија за 1,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,2%.