e – Medo: Електричен автомобил што користи батерии за лап топ

32

Фото: Pixabay

Жители на Бања Лука автомобил Fiat Panda го претворија во електрично возило што го носи името e – Medo, а електричниот погон на возилото го обезбедуваат 1.728 батерии што инаку се користат за лап топ компјутери, пренесува Biznis.ba.

“Основна разлика е во потрошувачката на гориво. Ние порано 100 километри поминувавме за пет до осум евра, а сега за пола до едно евро. Основна разлика е заштедата, немаме голем или помал сервис, нема потреба за менување филтри, масло, нема поправки на моторот“, вели Мирослав Матиќ, дипломиран машински инженер, кој со група експерти го осмислија e – Medo.

За овој автомобил се користени батерии како оние за лап топ, а секој лап топ има по шест такви батерии од 3,7 волти и 2.200 милиампери.

На инструмент таблата е вграден дисплеј на којшто јасно се гледа состојбата на батеријата, па возачот знае колку може да помине до следното полнење.