Фото: Pexels
Авиокомпанијата EasyJet постигна договор со авиокомпанија Air Berlin за купување на дел од германската компанија којашто е во стечај, а вредноста на договорот е 40 милиони евра. Британската авиокомпанија ќе купи одреден имот на аеродромот Berlin Tegel и 25 A320 авиони, пишува BBC.
EasyJet планира да преземе 1.000 германски пилоти и кабински екипаж. Air Berlin веќе се согласи да ја продаде својата австриска авиокомпанија Niki на Lufthansa како и нејзиниот регионален авиопревозник LGW.
Задолжената компанија Air Berlin поднесе барање за несолвентност во август, откако нејзиниот главен акционер Etihad соопшти дека нема да обезбеди финансиска поддршка.