EasyOil – бесконтактно плаќање гориво со скенирање на регистерска табличка

65

Иако голем дел од дејностите доброволно или принудно се дигитализираат, посебно во ова време, некои работи остануваат исти веќе 30 години, а една од нив е точењето на гориво. Сепак, еден хрватски старт – ап може да направи промена на бензинските пумпи во земјата и да ја дигитализира и оваа работа, пишува Netokracija.

Станува збор за хрватскиот старт – ап EasyOil, коишто веќе долго време работат на систем за наплата што би ја елиминирал потребата за влез во самата бензинска пумпа за да се плати горивото.

“Предуслов е корисникот во мобилната апликација да ја внесе регистерската табличка и банкарската сметка. Потоа може да дојде на бензинската пумпа, а додека го паркира возилото, му доаѓа информација на мобилниот телефон за потврда на автоматска наплата. Поради безбедност, задолжително е корисникот да ја потврди наплатата, за да се елиминираат евентуални злоупотреби. Потоа, слободно може да си точи гориво. Откако ќе се исклучи пумпата, се обработува процесот на автоматска наплата. Додека го затвори резервоарот, на мобилниот телефон му доаѓа известување дека наплатата е успешна“, објаснуваат од EasyOil.

Фото: Pixabay