ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на мали и средни претпријатија на Западен Балкан

75

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средни претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на пандемијата на корона вирусот.

Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра нови кредитни линии за партнерските финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. ЕУ ги дополнува овие средства со 15 милиони евра, кои се наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија, со цел да обезбеди зголемување на конкурентноста на МСП и поддршка на транзицијата кон зелената економија.

Земјите од Западен Балкан одговорија на пандемијата на корона вирусот со строги мерки во јавното здравство, кои имаа големо влијание врз економијата. Овие земји страдаат и од глобален економски пад и намалена побарувачка на нивните производи.

ЕБОР и ЕУ преку Тимот Европа ги поддржува МСП во нивната амбиција да станат поконкурентни и да пронајдат иновативни решенија за справување со новите предизвици. Средствата ќе обезбедат улови виталните бизниси да продолжат да имаат соодветен пристап до финансиите, да ги задоволат високите стандарди на производите и да бидат добро позиционирани за да ги искористат понудените можностите за извоз во регионот и на Европските пазари.

Фото: Pixabay