ЕБОР откупи малцински пакет акции во турската Fibabanka

30

fibabanka

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) откупија малцински пакет акции во брзорастечката турска банка Fibabanka, пишува Хуријет.

Во својата прва аквизиција на капитал во турскиот банкарски сектор, ЕБОР инвестира во новоиздадени акции што ќе претставуваат и до 10% од капиталот на Fibabanka. ЕБОР може да учествува и во понатамошното зголемување на главнината на оваа банка од Турција.

Fibanka е отворена во 2010 година преку аквизиција на турското претставништво на Millennium Banco Comercial Portuguese, од познатиот локален бизнисмен Хусну Озјегин, кој е сопственик на холдингот FIBA.

Fibabanka во овој момент е рангирана на 22-ра позиција од вкупно 47 банка во Турција.

ЕБОР започна да инвестира во Турција во 2009 година, а досега во таа земја се инвестирани над шест милијарди евра во повеќе од 160 проекти.