ЕБОР со нова стратегија за Македонија

19

European+Bank+for+Reconstruction+and+Development+HQ,+LondonЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР) вчера соопшти дека усвоила нова стратегија за Македонија за периодот 2013-16 година.

Стратегијата има за цел да ја поддржи Македонија во интеграцијата на регионалните и глобалните пазари преку вложувањата на Банката и други активности, особено во интензивирана соработка со клучните партнери како што се Европската унија и Европската инвестициона банка.

Со стратегијата се дефинираат три приоритети, Корпорацискиот и локалниот сектор, Енергетската ефикасност и одржлив енергетски развој, како и Регионалната интеграција.

ЕБОР ќе продолжи да и помага на Македонија во привлекување и поддршка на странски инвестиции. Банката, исто така, ќе се обиде да им помогне на локалните корпорации и ќе го привлече приватниот сектор да се вклучи во општинскиот сектор со цел со цел да се подобри квалитетот на услугите.

Во делот Енергетска ефикасност и одржлив енергетски развој, фокус на Банката ќе биде да се зајакне капацитетот на регулаторот и да се развијат обновливи извори на енергија преку проекти и преку политички дијалог.

Банката, исто така ќе ја користи својата експертиза за понатамошно промовирање на енергетската ефикасност во приватниот и јавниот сектор, стои во соопштението.

Што се однесува до Регионалната интеграција, Банката најавува дека тесно ќе соработува со властите, други меѓународни финансиски институции и инвеститори од приватниот сектор за да помогне за подобрување на транспортните мрежи, со што ќе се поттикне поголема прекугранична трговија и инвестиции.

Европската банка за обнова и развој е присутна во Македонија до 1993 година а досега има потпишано 80 проекти во вкупна вредност од 1,1 милијарди евра. Речиси 36% од овие проекти се во инфраструктурниот сектор, 28% се во финансискиот сектор, 20% во енергетскиот сектор и 16% во индустријата, трговијата и агробизнисот.