Echo Look, уред што служи како моден асистент

14

5

Фото: Amazon

Компанијата Amazon го претстави новиот говорен асистент Echo Look. Овој уред со помош на вештачка интелигенција дава модни совети и на корисникот му помага во изборот што да облече. Echo Look е опремен со камера којашто фотографира и прави видеа, а виртуелниот асистент Alexa преку вештачка интелигенција дава модни совети, пишува Independent.

“Со овој уред може да направите кратко видео и да се погледнете од секој агол, а исто така може да се фотографирате изговарајќи ‘Alexa фотографирај ме’“, велат од Amazon.

Echo Look се поврзува со паметниот телефон на корисникот преку апликација, а функцијата Style Check дава совети, споредувајќи две фотографии.

“Се одбира најдобриот изглед на корисникот користејќи ги факторите: форма, боја и актуелни трендови, а со тек на време овие одлуки ќе станат попаметни преку повратните информации на корисникот и советите од нашиот тим“, велат од Amazon.

Echo Look е достапен во САД и чини 200 долари.