Echo Show, звучник со екран на допир

14

alexa-amazon

Фото: Amazon

Компанијата Amazon го претстави својот нов паметен звучник Echo Show, што доаѓа со седум инчен екран на допир и преку којшто може да воспоставуваат видео повици, пишува Techcrunch.

Echo Show ги поседува истите основни карактеристики како досегашниот звучник Echo, но вградениот дисплеј додава многу нови функции. Освен што пушта музика, чита вести и рецепти, сега овој уред може да прикажува и слики, интернет страни, видео записи.

Уредот има црна и бела верзија, чини 229,99 долари и ќе биде достапен во продажба кон крајот на јуни во САД.

Минатиот месец компанијата го претстави говорниот асистент Echo Look, што со помош на вештачка интелигенција дава модни совети и на корисникот му помага во изборот што да облече.