Еден Американец поминува 225 часа годишно возејќи до работа и назад

27

Просечен Американец до работното место патува нешто повеќе од 27 минути во еден правец во 2018 година, покажуваат официјални податоци, пренесува Washington Post.

Тоа е две минути повеќе во споредба со времето поминато на пат пред 10 години. Тоа значи дека возачите поминуваат 20 минути подолго на пат секој недела.

Со еден збор, еден просечен Американец годишно поминува 225 часа на пат работа и назад до дома. Податоците, исто така, покажуваат дека 10% од луѓето во САД до работа патуваат најмалку 60 минути, а околу еден милион Американци на патување до работа трошат и повеќе од 90 минути.

Подолгото патување до работа и назад има голем број негативни ефекти, меѓу кои: поголема потрошувачка на гориво, поголемо загадување на околината, повеќе разводи поради долго отсуство од дома и слично.

Фото: Pixabay