Еден Македонец на лекар оди најмалку осум пати годишно

25

Еден жител на земјава во текот на 2017 година, во просек, бил 8,8 пати на лекар, покажуваат податоците на Eurostat.

Станува збор за статистички податоци за бројот на посети кои луѓето ги имаат со лекар во ординација, во домот на пациентот, во амбуланта или во болница. Според податоците, постои голема разлика меѓу земјите членки. На пример, на Кипар и во Шведска луѓето посетиле лекар помалку од три пати во текот на 2017 година. Од друга страна, во Словачка и Унгарија тој просек надминува 10 посети на лекар.

Кога се работи за земјите од регионот, во Бугарија тоа е шест посети годишно. Кај останатите земји, просекот е: Хрватска (6,47), Словенија (6,6), Црна Гора (7,30) и Србија (7,70).

Фото: Pexels