Еден месец по ослободување на Суецкиот канал – како течат преговорите со сопственикот на Ever Given

60

Шефот на управата на Суецкиот канал се надева дека наскоро ќе вродат со плод  разговорите со сопственикот и осигурителот на огромниот товарен брод Ever Given, кој минатиот месец го блокираше пловниот пат шест дена.

Екипажот на бродот не е приведен и може да го напушти бродот или да биде заменет, сè додека капетанот останува на бродот како чувар на бродот и неговиот товар, се вели во изјавата на претседателот на шефот на управата на Суецкиот канал, Осама Раби.

За потсетување овој товарен брод со денови им го блокираше патот на стотици пловни објекти и многу ја чинеше светската трговија, а властите на Суецкиот канал од сопственикот на бродот бараат 916 милиони долари. Каналот конечно беше ослободен на 29 март.

Се проценува дека блокадата на Суецкиот канал секој ден спречувала минување на товар вреден 9,8 милијарди долари.

Фото: YouTube Screenshot