Еден метар квадратен на стан во Скопје лани во просек чинеше 52.916 денари

20

Просечната цена на еден метар квадратен површина во 2015 година во Скопје беше 52.916 денари, што е за 1,8% помалку во однос на 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во останатите населени места во државата, просечната цена на еден метар квадратен изнесуваше 33.243 денари, што е за 0,8% помалку во споредба со 2014.

Што се однесува до просечната цена на еден метар квадратен во второто полугодие од 2015, таа е намалена за 2,7% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 1,5%.

Наведените просечни цени на еден метар квадратен станбена површина се без данок на додадена вредност.