Просечната цена на еден метар квадратен површина станбена површина во 2014 година беше 46.505 денари, што е за 0,7% помалку во однос на 2013 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во Скопје, просечната цена на еден метар квадратен изнесуваше 53.878 денари што е за 1,8% помалку во споредба со 2013 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 33.505 денари, што е за 14,7% помалку во споредба со 2013.
Што се однесува до просечната цена на еден метар квадратен во второто полугодие од 2014, таа е намалена за 8,4% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 3,4%.
Наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.