Еден од пет луѓе во светот не знаат да читаат и пишуваат

25

reklama na burger king

Еден од пет луѓе во светот не знаат да читаат и пишуваат, а тоа претставува 20% од вкупната светска популација, покажуваат податоците на Светската фондација за писменост.

Во акцијата за подигнување на свеста кај луѓето за овој проблем се вклучи фондацијата на светскиот бренд за брза храна Burger King. Направија необично мени со испревртени букви, па луѓето се соочија со проблем додека го нарачуваа омилениот оброк од Burger King.