Еден златен работник не смее да биде клуч за вашиот успех

179

Претприемачите се интелигентни и амбициозни, но тоа не значи дека бизнисот го водат без грешки. Сепак, еден од нив скоро да не носи лоши одлуки, па нето вредноста на неговото богатство денес изнесува повеќе од четири милијарди долари. Овие совети американскиот инвеститор Марк Кубан ги дава на деловните луѓе.

Уникатност на производот

Секој претприемач кој сака да работи успешно мора да ја знае разликата помеѓу самиот производ и неговите карактеристики. Не е доволно да создадете само некој продукт, потребно е тој да се издвојува по своите карактеристики, тоа е она што му дава вредност.

Конкуренцијата не ви дава валидност

Не е лесно да се создаде бизнис и да ги убедите луѓето да ги користат вашите производи или услуги. Кубан смета дека голема грешка е да мислите дека присуството на силна конкуренција на пазарот дава вредност на некој бренд. Тој мора да говори сам за себе, вели тој.

Еден златен работник не смее да биде клуч за вашиот успех

Луѓето обично грешат кога ќе најдат само една личност од доверба, која им е десна рака во сите ситуации. Потребен ви е цел тим на вредни, амбициозни луѓе кои ќе го движат бизнисот.

Фото: Pexels