Една четвртина од Македонците не можат да си го затоплат домот

49

Во 2018-та година, 24,9% од жителите на Македонија не биле во состојба да ја одржуваат потребната температура во домот поради сиромаштија, покажуваат податоците на Eurostat.

Овој процент има тенденција на опаѓање, бидејќи пред една декада бил 28,8%, во 2011-та 26,7%, додека најнизок бил во 2015-та година од 23,4%.

На ниво на Европска унија, тој процент е околу седум. Земји во коишто има најголем процент на луѓе кои не можат да си го затоплат домот се: Бугарија (33,7%), Литванија (27,9%), Грција (22,7%) и Кипар (21,9%).

Од друга страна, земји во коишто многу мал од населението се соочува со ваков проблем се: Швајцарија (0,6%), Норвешка (0,9%), Австрија (1,6%), Финска (1,7%) и Холандија (2,1%).

Од земјите во регионот, освен Бугарија и Грција, процентите им се: Словенија (3,3%), Хрватска (7,7%) и Србија (10%).

Фото: Pexels