Една година неплатено отсуство за пилоти од Emirates

19

Авиокомпанијата Emirates од Дубаи бара од одреден број на пилоти да земат неплатено отсуство од една година, за да ги намали трошоците предизвикани од пандемијата, пренесува Ројтерс.

“Потврдуваме дека на некои од нашите пилоти им понудивме неплатено отсуство од 12 месеци, со можност пред истекот на тој рок да бидат вратени на работа, во зависност од тоа колку брзо ќе закрепне побарувачката и во зависност од нашите потреби“, велат од Emirates.

Оттаму велат дека и понатаму ќе им обезбедат сместување, покривање на медицински и други трошоци на оние кои ќе бидат на неплатено отсуство.

Авиоиндустријата се соочува со сериозна криза поради пандемијата, бидејќи беа суспендирани огромен број летови, а авиокомпаниите беа принудени да поделат голем број откази.

Поголемиот дел од вработените во Emirates се странци, што значи дека немаат право на државна помош од Обединетите Арапски Емирати.

Фото: Facebook