Во текот на 2017 година, 190.000 компании во Европската унија биле со висок раст (имаат годишен раст од над 20%). Овие компании, според податоците на Eurostat, нудат вработување на 16,4 милиони лица.
Овој вид на компании се околу 11,3% од вкупниот број на активни компании со најмалку 10 вработени во рамки на ЕУ. Овој удел е зголемен за 2,1 процентен поен во однос на 2014 година (9,2%).
Најголем дел од компаниите со висок раст доаѓаат од секторот на услужни дејности. Вкупно 17% од компаниите, што е најголем удел, доаѓаат од секторот информации и комуникација, по што следат административни и помошни услужни дејности со 15,3%, транспорт и складирање со 14% и професионални, научни и технички активности со 12,7%.
Анализирано по земји, најмногу компании со висок раст, со најмалку 10 вработени, има во Ирска (16,5%), по што следуваат: Шпанија (15%), Португалија (14,2%), Холандија (13,9%), Малта (13,7%) и Шведска (13,6%).
Од друга страна, најмал дел од компаниите со висок раст има во: Кипар (2,7%), Романија (2,9%), Грција (6,7%), Естонија (7,2%) и Австралија (7,8%).
Фото: Pexels