Една петтина од светот би имал дигитална валута за три години

40

Централните банки што претставуваат една петтина од светската популација најверојатно ќе издаваат сопствена дигитална валута во следните три години, пренесува Ројтерс.

Физичката употреба на готовина се намалува на глобално ниво, а владите ширум светот сакаат да се “одбранат од заканите на нивната моќ за печатење пари“, што ги претставуваат крипто валутите.

Во истражување на мислењето на 65 централни банки податоците покажале дека 86% од нив ги разгледуваат предностите и недостатоците на дигиталните валути. Централните банки во економиите во развој се наклонети кон дигиталните валути за разлика од банките во развиените економии.

Фото: Freepik