Едукативна посета на соларната фарма Фотоволт и Белчишкото блато

23

7d9f7746-d7fc-4b20-9929-a7b898689b3f

На 7 април, 45 млади од Македонија, Норвешка, Германија, Хрватска, Грција, Шпанија и Велика Британија ја посетија соларната фарма Фотоволт и Белчишкото блато во општина Дебарца. При посетата на соларната фарма, младите имаа можност да научат за процесот на производство на електрична енергија преку соларните панели, законската регулатива, складирање и дистрибуциуја на енергијата, пазарот на енергија и позитивните и негативните страни на оваа технологија. Соларната фарма Фотоволт е во функција од 5 август 2015 и има капацитет од 47,52 kW/h.

За време на посетата на Белчишкото блато Сини вирој, претставник од секторот за екологија и туризам од општина Дебарца имаше кратка презентација за историјата на блатото, бројните извори и биодиверзитетот во околината на блатото пространо на територијата помеѓу с. Ново Село и с. Белчишта. Во текот на оваа посета се отвори дискусија како климатските промени влијаат на биодиверзитетот и природниот капацитет на изворите во последните 10 години.

Едукативната посета е дел од младинската размена Разбуди се – Преземи акција, проект од програмата Еразмус плус, финансиран од Норвешката национална агенција, за кој младинската еколошка организација Гоу Грин Скопје се јавува во улога на домаќин и организатор.