Египет ќе бара милијарда долари отштета поради Суецкиот канал

105

Египет би можел да побара милијарда долари отштета поради блокадата на Суецкиот канал, каде огромен брод се заглави и го прекина сообраќајот, пренесува Bloomberg.

Таа бројка може да биде само груба проценка од направените загуби по основ на транзитни даноци, оштетувањата на пловниот пат поради насукување и одглавување на бродот, како и трошоците за опрема и човечки ресурси користени во акцијата, соопшти извршниот директор на управата на Суецкиот канал, Осама Раби.

Тој не прецизирал од кога би ја барале отштетата.

“Нашата земја има право на тоа. Државата би требало да го добие она на што има право“, вели Раби.

Товарниот брод Ever Given беше ослободен пред седум дена по неколкудневните напори повторно да биде воспоставен сообраќајот.

Фото: Pixabay