ЕК и Johnson & Johnson потпишаа договор за 400 милиони вакцини

53

Европската комисија потпиша трет договор за набавка на потенцијална вакцина за коронавирус, овој пат со Johnson & Johnson.

“Договорот ќе им овозможи на земјите-членки на Европската унија да набават до 400 милиони дози вакцини“, наведува ЕК.

Се додава дека ЕУ веќе има потпишано договори за набавка на вакцини со фармацевтските компании Astra Zeneca и Sanofi, додека се завршени прелиминарните разговори со неколку други компании.

Фото: Pixabay