Еко-акција за чистење на кејот на реката Вардар

386

Утре, (четврток, 26.04.2018), со почеток во 12:00 часот, на кејот на реката Вардар (игралиште за одбојка на песок, позади Луна парк) ќе се спроведе еко-акција во организација на Пивара Скопје, Амбасадата на Холандија во Македонија и компанијата Пакомак.

Во годинешната, трета по ред еко-акција, којашто е дел од платформата “Дали рециклирате!?“, ќе учествуваат и Амбасадорите на В. Британија и САД, како и сите заинтересирани граѓани.