Еколошки клима уред направен од пластични шишиња што не користи струја

32

eco cooler

Иноваторот Ашис Пол од Бангладеш создаде еколошки клима уред што ќе им биде особено корисен на луѓе кои живеат во руралните области на земјата, пишува Inhabitat.

Eco Coolers е изработен од стари пластични шишиња и не користи електрична енергија за да го разладува просторот. За само три месеци, Eco Coolers е инсталиран во 25.000 домаќинства ширум Бангладеш.

eco cooler 2

Сè што треба да се направи е да се направат дупчиња на табла што одговара со димензијата на прозорецот, на чие место ќе биде поставен Eco Coolers. Секое пластично шише се сече во форма на инка, така што долниот дел се поставува одвнатре, а поширокиот дел (во форма на инка) се поставува од надворешната страна.

На тој начин, шишињата “внесуваат“ свеж воздух што се пренесува преку грлото на шишињата и го разладуваат затворениот простор. Eco Cooler може да ја намали надворешната температура од 30 степени, на удобни 25 во затворениот простор.

Маркетинг агенцијата Greg Group и волонтери од Grameen intel social business се вклучија во акцијата за едукација на населението за да може да самостојно да го направат Eco Coolers во својот дом.

eco cooler 3