Економист на Дојче Банк: Веќе нема слободен пазар

104

Јасно е дека ситуацијата во банкарскиот и монетарниот сектор е крајно мрачна кога најголемиот заемодавател во Европа почнува да објавува коментари под наслов “Крајот на слободниот пазар: ефектот врз валутите и иднината“. Но, тоа е точно она што го стори главниот макроекономски стратег на Deutsche Bank, Џорџ Саравелос, пренесува Zerohedge.

Во својот коментар, тој посочува дека слободните пазари повеќе не постојат, бидејќи сите централни банки купуваат средства вредни илјади милијарди долари и ги задржуваат каматните стапки вештачки на нула.

“Можеби се создава глобална стапица за ликвидност“, напиша Саравелос.

Тој предвидува дека постапувањето на централните банки значително ќе ја намали нестабилноста на девизните пазари кои доаѓаат од обврзници.

Сепак, велат аналитичарите, пониската нестабилност на некои пазари ќе доведе до поголема нестабилност кај другите, а денес централните банки се поактивни од кога било.

“Во една крајност, централните банки можат да станат постојани агенти за командување на економијата, кои поставуваат цени на акциите и кредитите и реагираат агресивно на финансиските шокови“, напиша Саравелос.

Ова ќе биде биполарен свет на финансиска репресија, со висока
нестабилност во реалната економија, но многу мала нестабилност на финансиските пазари, додава тој.

Според него, колку повеќе централни банки вршат финансиска репресија, толку поголема нестабилност ќе се зголеми и на финансиските пазари, затоа што централните банки секогаш можат да инјектираат огромни количини на свои пари.

“Колку повеќе централните банки ги контролираат цените на средствата, толку понестабилен ќе биде пазарот на девизи на штета на реалната економија“. Но, ова сценарио ќе се случи само во услови кога централните банки не работат директно на девизниот пазар и во ниска инфлација“, рече Саравелос.

Фото: Pixabay