Економска криза има, но невработеноста во овие земји не расте

93

Додека во услови на криза зголемената невработеност е честа појава во западните економии, заради намаленото вработување и зголемените отпуштања во компаниите, Јапонија и Кореја имаат различни состојба.

По Втората светска војна во Јапонија и Корејската војна во Јужна Кореја, овие две економии започнаа силен економски раст што се карактеризира со национална соработка помеѓу производителите, добавувачите, дистрибутерите и банките, создавајќи моќни претпријатија кои соработуваат со националните влади. Создадени се силни синдикати, а на работниците им е силно загарантирано доживотно вработување во една компанија од страна на државата “, што со текот на времето стана културолошка карактеристика во овие две држави.

Масовните отпуштања станаа тешко изводливи за јапонските и корејските компании, кои ја претворија таквата потенцијална слабост во своја сила, создавајќи силна корпоративна култура за доживотно работење во компанијата. Ова посебно се однесува на Samsung, Sony, Hyundai, Panasonic и слични големи корпорации. За време на економската криза од 2008 и 2009 година, двете земји забележаа многу помал раст на невработеноста од западните економии.

Тековната криза со пандемијата, која ги погоди двете земји на почетокот на февруари, не влијаеше на зголемувањето на невработеноста. Стапката на невработеност во Кореја дури падна од 4,1% на 3,3 % од почетокот на пандемијата, додека во во Јапонија остана стабилна со ниски 2,4 %, пренесува Japan Times.

“Корпоративна ДНК е дека мора да се вложат сите напори за да се избегнат отпуштањата од работа, а сите вработени го прифаќаат менталитетот дека сите ја делиме истата судбина“, вели Лојд Чан, економист од Oxford Economics.

Japan Times дури пишува дека заштитата на вработените е во таква мерка што државните службеници во Кореја се нарекуваат “железни“, додека вработените во големите корпорации ги нарекуваат “дијамантски“.

“ Во кризни времиња има кратења на платите, но отпуштањата не се прифатливи. Ова не е Америка. Компаниите овде не ги зголемуваат платите лесно за своите вработени, туку повеќе акумулираат финансиски акции во време кога нема криза, наменети за кога ќе дојде кризата “, вели Атсуши Такеда, главен економист во Институтот за истражување Иточу.

Националните влади и во двете држави, исто така одиграа улога во спречувањето на економската нестабилност, и двете обезбедија дополнително финансирање во март за спречување на невработеноста. Кореја издвои скоро 10 милијарди американски долари за оваа намена, а Јапонија нуди широк спектар на економски мерки во време на криза.

Фото:Pixabay