Економската состојба во градежништвото поповолна од лани

8

Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2012 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти во однос на претходното тримесечје е понеповолна, а подобра во споредба со истото тримесечје од претходната година.

Во третото тримесечје од 2013 година, очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се понеповолни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата е над нормалата. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат.

Фактори кои имаат најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност се конкуренцијата во сопствениот сектор со 19,3%, немањето на побарувачка со 19,1%, зголемените трошоци за материјали со 15,7 % и зголемените финансиски трошоци (камати) со 12,1%.