Експертите советуваат: Време е за купување на овие акции

470

Ширењето на епидемијата на вирусот корона ги разбранува пазарите во Азија и пошироко и ги погоди ланците за снабдување ширум светот.

Мултинационалните и локалните компании се погодени од продолжениот прекин на работа во Кина, а фабриките не работат со полн капацитет.

Apple минатата недела предупреди дека не очекува да ги исполни своите квартални предвидувања на приходите заради малата побарувачка на iPhone во Кина и помалото глобално снабдување. Apple ги произведува повеќето iPhonе телефони и други производи во Кина, а епидемијата предизвика привремено запирање на производството и затворањето на продавниците за малопродажба во Кина, пренесува SEEbiz.

Ова доведе до распродажба на акциите на добавувачите на Apple во Азија минатата недела.

Среде турбуленциите на пазарот, Credit Suisse издвои пет азиски акции кои паднаа под нивната највисока цена во изминатата година и предвидува го нивниот потенцијален раст.

1. Hon Hai Precision Industry којашто се наоѓа на Тајван позната е како Foxconn и најголем производител на Apple

Годишен пад: -12,13 %
Потенцијал за раст: 22%

2. Sunni Optical, добавувач на Apple

Годишен пад -12,21%
Потенцијал за раст: 21%

3. Добавувач на чипови Mediatek на Тајван

Годишен пад: -15,06%
Потенцијал за раст: 20%

4. ASE Technology, компанија за тестирање и пакување на чипови

5.Тајвански производител на електроника Delta Electronics

Годишен пад: -6,88%
Потенцијал на раст: 13%

Инвеститорите будно ја следат ситуацијата на светските пазари на хартии од вредност, очекувајќи ги последиците што на глобално ниво ги остава ширењето на корона вирусот. Минатата недела и аналитичарите на BNP Paribas направија листа на акции коишто е паметно да се купат, односно да се инвестира во нив, додека трае кризата со корона вирусот.

Фото:Pixabay