Овие акции е паметно да се купат додека трае кризата со корона вирусот

1217

Инвеститорите будно ја следат ситуацијата на светските пазари на хартии од вредност, очекувајќи ги последиците што на глобално ниво ги остава ширењето на корона вирусот. Аналитичарите на BNP Paribas направија листа на акции коишто е паметно да се купат, односно да се инвестира во нив, додека трае кризата со корона вирусот, пренесува CNBC.

“Верува дека е премногу рано да се каже дека е крај на пазарните турбуленции поради епидемијата од COVID -19 (новото име на корона вирусот според Светската здравствена организација)“, велат аналитичарите од BNP Paribas, којашто се смета за една од најголемите француски банки.

Компаниите што се занимаваат со организација на патување и туризам, потрошувачка и производство, коишто зависат од инвестициите од Кина би биле “очигледни губитници“ поради епидемијата од корона вирусот, но, според аналитичарите, тоа не значи дека инвеститорите сега треба да ги избегнуваат акциите од компании што доаѓаат од Азија.

Бидејќи расте бројот на луѓе кои остануваат дома, онлајн игрите забележуваат огромен пораст. Освен тоа, некои азиски економии се помалку изложени на некои потенцијални економски падови во Кина, што ги прави да бидат сигурен пазар на којшто може да се инвестира, потенцирајќи ја Индија, којашто “прва им паѓа на памет“.

Според аналитичарите на BNP Paribas, овие сектори се сигурни за инвестирање:

Кинески интернет: Tencent, Alibaba, Baidu и JD.com

Кинески телеком: China Mobile и China Unicom

Кинеско образование: China Education Group

Индиски ИТ: Infosys, HCL Tech

Индиски телеком: Bharti Airtel

Индиска трговија: Marico Industries

Кога станува збор за периодот откако ќе помине паниката околу COVID – 19, некои сектори коишто беа најмногу погодени од епидемијата би можеле да забележат значителен раст, наведуваат аналитичарите на BNP Paribas.

“Очекуваме кинеската потрошувачка брзо да закрепне. Туризмот можеби нема, бидејќи промените во однесувањето на потрошувачите, посебно таму каде што таквото однесување може да предизвика инфекции, ќе предизвика посериозни промени“, истакнуваат банкарските аналитичари.

Фото: Pixabay