Експлодираше прототип на ракета на SpaceX

52

Прототипот на ракетата Starship на SpaceX експлодираше во текот на враќањето, неколку минути по обичниот пробен лет од погонот на компанијата на Илон Маск во Тексас.

Уништената ракета била прототип на лансираната ракета висока 52 метри што ја развива приватната вселенска компанија на Маск за превоз на луѓе и 100 тони товар во идните мисии на Месечината и на Марс.

Ракетата експлодирала кога се спуштала на подлогата за слетување по контролирано спуштање. Пробниот лет бил наменет за висина од 12,5 километри.

Маск на Twitter напишал дека “притисокот во резервоарот за гориво бил низок“ во текот на спуштањето “поради што брзината на допир била голема“. Тој додал дека SpaceX од тестот ги добил “сите податоци што му биле потребни“.

Фото: Twitter