Експозитурата на Шпаркасе Банка во Тетово со нова локација

133

sparkase-banka-facebook-580x580

Експозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Тетово се пресели на нова, поатрактивна локација. Од вчера таа ги отвори вратите за своите клиенти на улица Илинденска бр.1/1, во центарот на градот, информираат од Шпаркасе банка Македонија.

Новата експозитура располага со модерен ентериер, според најсовремени стандарди воспоставени на ниво на Шпаркасе и Ерсте Групацијата.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, којашто се состои од 46 штедни банки и која бележи речиси два века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти.

Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 2.380 вработени и 236 експозитури и регионални центри, опслужува околу 692.143 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.